• петок, 22 ноември 2024

Втора конференција за религиски дијалог „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“

Втора конференција за религиски дијалог „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“
Струга, 13 јуни 2022 (МИА) - Од денеска до 16 јуни во Струга ќе се одржи Втората европска конференција за религиски дијалог и соработка на тема Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“ во организација на Центар за интеркултурни студии и истражувања.

На конференцијата ќе учествуваат 83 учесници од 20 земји, вклучително и од Северна Македонија.

Ќе бидат отворени за дебата прашањата околу улогата на религијата како силен чувар на националниот и верскиот идентитет што води кон локализам и го спречува влијанието на глобалните процеси, дејствување во име на религијата, како и дали фундаментализмот е форма на колективен идентитет. ки/са/ 

 

Остани поврзан