• петок, 22 ноември 2024

Врховниот суд го отфрли барањето на  градоначалникот на Химара, Белери за ослободување од затворски притвор

Врховниот суд го отфрли барањето на  градоначалникот на Химара, Белери за ослободување од затворски притвор

Тирана, 25 јули 2023 (МИА) - Врховниот суд на Албанија го отфрли барањето за одредување поблага мерка и го остави во затвор Фреди Белери, кој е во притвор од 12 мај под обвинение за купување гласови.

Тој беше уапсен два дена пред локалните избори во земјата,  на кои беше реизбран за градоначалник на приморското гратче Химара, населено со припадници на грчкото малцинство, а изборот го верификува и Централната изборна комисија.

Претходно, Основниот и Апелациониот суд, како и Специјалниот суд за организиран криминал и корупција, ги одбија барањата да му биде изречена мерка домашен притвор за да може да ја обавува градоначалничката функција. 

Нему му беше одбиена и дозволата што ја побара пред судот за учество на конститутивната седница на општинскиот совет на Химара, на која требаше да положи заклетва како градоначалник.

Тој не се согласува со обвинувањата, оценувајќи дека случајот има политичка позадина. Беше кандидат на  изборна коалиција на опозицијата" Заедно победуваме" во која дел беше и партијата на Грците.

Случајот "Белери" со посебно внимание го следи официјална Атина, која во неколку наврати побара негово ослободување, условувајќи ја Албанија со нејзиниот пат кон членството во ЕУ. вт/сд/


 Фото: Белери Фб

Остани поврзан