Временска прогноза
- Времето во Република Северна Македонија изутрина ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб јужен ветер.

Скопје, 9 февруари 2020 (МИА) – Времето во Република Северна Македонија изутрина ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 12 до минус 4, а дневната од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 9 степени.
Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а од вторник во северните и западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура до среда ќе биде во пораст.