• вторник, 13 јануари 2026

ВРЕДИ: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

ВРЕДИ: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

11 декември 2025

Коалицијата ВРЕДИ објавува дека на изборите за Општина Гостивар на 11 јануари, наш кандидат за градоначалник ќе биде Невзат Бејта, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Одлуката доаѓа по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар, каде што Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните мандати на чело на општината.

ВРЕДИ верува дека Невзат Бејта претставува стабилност, професионализам и визија за континуиран развој на Гостивар. Коалицијата останува посветена на тоа да им понуди на граѓаните силни алтернативи и докажани кандидатури во конкретни работи.

Остани поврзан