• понеделник, 23 декември 2024

Врачени уверенијата на новиот градоначалник на Струмица и членовите на Советот

Врачени уверенијата на новиот градоначалник на Струмица и членовите на Советот
Струмица, 26 октомври 2021 (МИА) - Претседателката на ОИК Струмица, Снежана Паљошкова денеска им ги врачи уверенијата на новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов и на членовите на Советот на општината. Костадинов од СДСМ победи во првиот круг на локалните избори во Струмица пред Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Васе Витанов од Интегра. Новиот градоначалник на Струмица, Костадинов се заблагодари на сите граѓани. - Честа е огромна, но и одговорноста е голема. Граѓаните даваат власт за да им служиме и тоа не смее и нема да дозволам на ниту еден начин да биде изневерено. Моја должност по добивањето на уверението е да седнам со двајцата против кандидати и од ВМРО ДПМНЕ и од Интегра да ги видам и разгледам нивните програми и понуди и секако се што е остварливо ќе биде дел од програмата за работа на Општина Струмица. Јас реков и дадов ветување дека сум кандидат од СДСМ, сум член на СДСМ, но со сигурност ќе бидам градоначалник на сите, бидејќи само така можеме да ја движиме Општина Струмица кон најдоброто, изјави Костадинов. Тој најави дека утре ќе биде извршено примопредавањето на функцијата со досегашниот градоначалник, Коста Јаневски. Инаку, во новиот Совет на општината СДСМ има 13 советници, ВМРО-ДПМНЕ- 9 и 1 од листата на „Стига е“. рт/фф/

Остани поврзан