• петок, 22 ноември 2024

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Софија, 28 март 2024 (МИА) - Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан