• вторник, 24 декември 2024

Вработените во авиоиндустријата се жалат на актуелната постковид криза

Вработените во авиоиндустријата се жалат на актуелната постковид криза

Лос Анџелес, 4 август 2022 (МИА) - Авиоиндустријата постојано се соочува со предизвици што неретко и ја блокираат, но и делумно ја уриваат таа стопанска гранка - терористички напади, САРС и ковид-епидемиите и други непогоди...

Британската стјуардеса Крис Мејџор работи во воздухопловството повеќе од две десетлетија. Таа сега е, вели, на првата линија на најтешката авијациска криза досега - т.н. постковид-криза, т.е. патувачкиот хаос ова лето. Мејџор, која претседава со Одборот на воздушен персонал при Европската федерација на транспортни работници, што ги претставува европските стјуарди и пилоти, вели дека персоналот на летот се бори како никогаш досега. - Ова е целосно неодржливо како работа. Додека патниците се враќаат кон воздушниот сообраќај во голем број, по паузата од пандемијата, авиокомпаниите и аеродромите низ светот се борат да ја усогласат понудата со побарувачката, појасни таа. Резултатот е - откажани летови, изгубен багаж, а и патниците ја губат вербата во авионската индустрија како целина. Според Крис, тоа е апсолутно неорганизирано. Со неа се согласуваат и стјуардите низ светот. - Недостатокот на персонал, доцнења, откажувања, изгубен багаж - мислам дека е многу тешка ситуација за сите, изјави стјуардесата на „Луфтханза“ од Германија, Даниела Каса Мбамби за „Си-ен-ен травел“. Американската стјуардеса Али Малис верува дека тоа можело и да се спречи со подобра организација. Кога летовите беа приземјени во време на корона-пандемијата, многу авиокомпании и аеродроми отпуштаа работници. Затоа, авиопревозниците сега имаат и недостиг од заинтересирани и од квалификувани работници. Стјуардесите и стјуардите велат дека ваквите ситуации, заедно со непредвидливите распореди, го уништуваат и психо-физичкото здравје на екипажот.  си/сд/

Остани поврзан