• сабота, 06 декември 2025

Во Штип се одбележуваат 50 години од првата работна акција на Плачковица

Во Штип се одбележуваат 50 години од првата работна акција на Плачковица

Штип, 30 август 2025 (МИА) – Со низа на активности денеска во Штип се одбележува јубилеј - 50 години од првата Младинска работна акција „Плачковица“. Акцијаши од Штип, но и од повеќе градови од државата, како и од соседните земји денеска се сеќаваат како било на првата акција кога биле млади, но и прават споредба како е денеска.

 -Тогаш беше како што треба, денеска не е. Младите не можеме да ги ангажираме, нема млади, изјави Киро Димовски, акцијаш волонотер од Битола.

Дружба, работа и љубов е она најзначајното од акциите воопшто. Драган Миладиновски од Велес сведочи како од една таква акција се родила и љубовта меѓу него и неговата сопруга.

-На таа акција се докажа она што беше главна мотивација, а тоа е дружењето, младите да се почувствуваат самостојни, да се почувствуваат важни, значајни и одговорни, посочи Миладиновски.

Акциите, односно волонтерската работа иако се застапени и денеска, сепак младите се вклучуваат во нив, во помал број, велат акцијашите ветерани. Забележуваат дека се прават напори и преку вакви настани да се мотивираат младите, за да бидат дел од акциите.

Акцијашите денеска ја посетија спомен собата на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, потоа го посетија и Музејот и тврдината Исар. Пред 50 години акцијашите кои денеска беа во Штип учествувале во изградба на патот Штип-Плачковица во должина од 43 километри. вдј/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан