Во Штип одбележани Денот на македонскиoт јазик и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески
- Филолошкиот факултет при Универизтетот „Гоце Делчев“-Штип и Фондацијата на македонски јазик „Небрегово“ денеска во Штип го одбележаа Денот на македонскиот јазик и 100-годишнината од раѓањето
Штип, 5 мај 2021 (МИА) - Филолошкиот факултет при Универизтетот „Гоце Делчев“-Штип и Фондацијата на македонски јазик „Небрегово“ денеска во Штип го одбележаа Денот на македонскиот јазик и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Атанас Коневски, секретар на Фондација на македонски јазик „Небрегово“, истакна дека по осумдесет години од објавувањето на книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Блаже Конески темата за заштита на македонскиот јазик и понатаму е актуелана.
-Ова е реиздание на книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“. Тоа е историска книга. Дело кое го потврдува постоењето на македонскиот јазик. Јас само ќе додадам - македонскиот јазик е аксиома, непобитна вистина, рече Коневски.
Деканката на Филолошкиот факултет при УГД-Штип, Драгана Кузмановски истакна дека се додека се зборува, македонскиот јазик не е загрозен, но какошто рече од нас зависи како го чуваме и негуваме. Забележа дека изминатите две до три години расте интересот за негово изучување. Со цел да ги мотивираат студентите и да се зголеми бројот на студенти на Катедрата за македонски јазик почна кампања-стипендирање на сите студенти.
-Обезбедивме бесплатно студирање во прва година, односно во прв и втор семестар. Имаме десет редовни и пет вонредни студенти на македонистика што е значително солидна бројка, во споредба со другите универзитети и факултети и во Скопје и во Битола, вели Кузмановска.
На денешната манифестација присуствуваше и градоначалникот на општина Штип Сашко Николов, а се одржа во отворениот амфитетар на Националната установа Универзитетска Библиотека „Гоце Делчев“-Штип. вдј/аа/