• недела, 22 декември 2024

Во шест општини од Југоистокот утре ќе се изврши ларвицидна дезинсекција

Во шест општини од Југоистокот утре ќе се изврши ларвицидна дезинсекција

Струмица, 2 јули 2024 (МИА) - Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат граѓаните дека утре во периодот од 09:00 до 16:00 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

Според информацијата од Центарот, дезинсекција ќе се врши во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица, Валандово и Дојран, а доколку временските услови се неповолни дезинсекцијата ќе се изврши кога ќе се подобрат.

Од Центарат за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.рт/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан