• сабота, 06 декември 2025

Во четвртиот квартал лани повисоки трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување на квартално ниво

Во четвртиот квартал лани повисоки трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување на квартално ниво

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Во четвртиот квартал во однос на третиот квартал минатата година  трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 0,7 проценти, трошоците за материјали се намалени за 0,3 проценти, а трошоците за вработените се зголемени за 3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 9 проценти, трошоците за материјали за 8,6 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти. лв/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан