• петок, 22 ноември 2024

Во Центар Жупа за гласање доставени 29 барања од болни и изнемоштени лица

Во Центар Жупа за гласање доставени 29 барања од болни и изнемоштени лица

Дебар, 12 август 2022 (МИА) - До Општинската изборна комисија - Центар Жупа, за претстојните по вторпат повторени избори за градоначалник, на неколку часа пред истекот на рокот,  доставени се 29 барања за остварување правото на глас на болни и изнемоштени лица. 

-Барања со документација доставија 29 блиски роднини на лицата. Бидејќи рокот завршува вечерва на полноќ можно е да добиеме уште некое барање. Истите потоа ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука колку од нив ќе може да гласаат во петок, односно на 19 август, изјавија за МИА, од комисијата. 

На повторените избори на 17 април беа доставени 61 барање, позитивно беше одговорено на 57, а правото на глас го искористија 52 лица, додека останатите пет тоа не го сторија од различни причини, во меѓувреме настаната смрт, болнички третман или неважечки документ за идентификација. 

На редовните локални избори, пак, на 17 октомври минатата година, за гласање во својот дом беа пријавени 18, а гласаа 17 лица.  

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа, каде на 20-ти месецов (сабота) ќе се гласа на 16 избирачки места во единственот избирачки список запишани се 7.154 лица со право на глас. 

Споредено со предвремените избори што се одржаа на 15 април во списокот се 77  гласачи повеќе додека пак споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година има 163 гласачи помалку. 

Трката за градоначалник овој пат ќе ја трча еден кандидат, Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, кој довербата ја бара по третпат. вт/вг/

Остани поврзан