• вторник, 11 февруари 2025

Во Хрватска убиен познат претприемач и уште три лица

Во Хрватска убиен познат претприемач и уште три лица
Загреб, 30 јануари 2021 (МИА) - Познат претприемач од областа на Шибеник е убиен денеска во Водице, а околу половина час подоцна, уште тројца починати биле пронајдени во зграда на Јужната магистрала, пренесуваат хрватските медиуми.
Полицијата потврди дека мртов маж е пронајден во возило покрај патот во Водице и дека малку подоцна добиле уште еден извештај од Итната медицинска помош за пронаоѓање на три мртви лица, двајца мажи и една жена, во зграда на Јужната магистрала.
„Првичните информации укажуваат на тоа дека луѓето починале насилно. Почна истрагата на двете локации и во овој момент не можеме да потврдиме дали случаите се поврзани", соопшти полицијата.  паг/

Остани поврзан