• петок, 22 ноември 2024

Во Хрватска во 2023 година родени најмал број деца од постоењето статистички мерења

Во Хрватска во 2023 година родени најмал број деца од постоењето статистички мерења

Загреб, 1 февруари 2024 (МИА) - Во Хрватска минатата година се родиле најмалку деца откако постојат статистички мерења, а имало повеќе бракови, но и помалку смртни случаи, што донекаде ја подобрило негативната слика за природниот прираст, покажаа привремените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Во 2023 година имало 32.047 живородени деца или за речиси 2.000 помалку од 2022 година кога имало 34.027 живородени деца, со што се продолжува трендот на значително намалување на бројот на живородени деца. На пример, во 2000 година се родиле 43.746 деца.

„Поради значително помалиот број на родени деца, трендот на намалување на природниот прираст на населението се уште е крајно неповолен“, вели во интервју за Хина Дубравка Рогиќ-Хаџалиќ, раководител на Одделот за социјални истражувања во ДЗС.

Значителен пад на бројот на живородени деца покажуваат и споредбените податоци со претходните години, кога во 2022 година имало речиси 10.000 живородени деца помалку од 2000 година. Бројот на живородени деца во 2005 година паднал на 42.492, а по зголемувањето на 43.361 роден во 2010 година, значително падна во 2015 година на 37.503 и дополнително во 2020 година на 35.845. паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан