• понеделник, 23 декември 2024

Во холандски супермаркет: „каса за разговор“ за осамените посетители

Во холандски супермаркет: „каса за разговор“ за осамените посетители
Амстердам, 6 март 2020 (МИА) - Осаменоста кај повозрасните луѓе е честа појава во цел свет. Според истражувањата повеќе од половина од луѓето над 55 години, страдаат од осаменост. Овој проблем го забележале и луѓето во супермаркетот Џамбо во Влијмен, Холандија. Имено, оттаму воведоа „каса за разговор“ и „ ќоше за кафе-разговор“. Идејата е повозрасните посетители на продавницата да можат да пијат кафе, да се дружат, да запознаваат свои врсници, да зборуваат за нивниот ден, па дури и да побараат помош. И, сè тоа наиде на огромно одобрување, според коментарите на купувачите. Проектот е одобрен од холандскиот министер за здравство, Хуго де Јонг. Во него учествуваат доброволци од хуманитарна организација за помош на стари лица. си/гт/

Остани поврзан