• петок, 22 ноември 2024

Во Франција судир помеѓу проерменски активисти и поддржувачи на Турција

Во Франција судир помеѓу проерменски активисти и поддржувачи на Турција
Париз, 28 октомври 2020 (МИА) – Конфликтот од Нагорни Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија се проширува на еден начин и на француската територија, бројната ерменска заедница во Франција на неколку пати организираше блокади на автопатите, но последната направена утрово на автопатот А7 во двата правци во Виен (Изер) доведе до судир меѓу проеременските и протурските активисти, јави дописникот на МИА. Според локалните медиуми, најмалку едно лице е повредено откако бил блокиран на наплатната станица во Виен бил блокиран сообраќајот во двата правци. Повредениот, 23-годишен маж, бил евакуиран во релативна вонредна состојба во болницата во Вие, според радиото Франс Бле Изер, кое известува за присуство на неколку амбуланти. Регионалниот дневен весник Дофине либере известува за четворица повредени. Сепак, состојбата во сообраќајот се врати во нормала, по заминувањето на демонстрантите. Демонстрант, претставувајќи се како Артур, претходно објасни дека овој митинг е мотивиран од стравот дека во Ерменија се случува „втор геноцид“. Тој го проценил бројот на демонстранти на самото место помеѓу 300 и 400 лица. - Ние сакаме да престане нападот. Ние сакаме мир. Ние сме три милиони во Ерменија и ние се бориме против три земји, Турција, Азербејџан и Сирија - да не ги спомнувам Израелците кои ги обезбедуваат беспилотните летала, кои се користат за бомбардирање на ерменските позиции, осуди овој демонстрант, додека другите скандираа зад него „Признавање!“. Ерменската заедница бара признавање на сепаратистичката енклава Нагорно Карабах (или Арачах), населена со Ерменци, но официјално дел од Азербејџан. тг/ми/

Остани поврзан