Во Филхармонија свечен Божиќен концерт со настап на македонски музичари и пејачи
- Божиќен концерт на традиционални празнични песни како завршен настан од годинешната манифестација „Бадникови поворки“, се одржа синоќа во Филхармонијата.

Скопје, 10 јануари 2023 (МИА) – Божиќен концерт на традиционални празнични песни како завршен настан од годинешната манифестација „Бадникови поворки“, се одржа синоќа во Филхармонијата.
На концертот на кој присуствуваа претставници од јавниот, политичкиот живот и од свештенството, настапија македонски музичари и пејачи, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот „Козма Пречистански“ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Публиката во салата, но и преку преност на јавниот сервис уживаше во свечената празнична симфонија од звуци. Оркестарот го предводеше композиторот и основач на „Љубојна“ – Оливер Јосифовски, настапија вокалот Вера Милошевска, светскиот виртуоз на кларинет – Исмаил Лумановски, групата „Чалгии мерак” и останатите врвни музичари: Филип Михајлоски – канон, Тони Арслан – виолина, Христијан Јаневски – тамбура, Роберт Ангеловски – кавали, Петар Христов – лира, Оливер Настовски – ут, Мите Наумовски – џумбуш, Анастасиос Иоану – кларинет, Демир Шакиров, Христијан Николовски и Шериф Мустафа на перкусии.
_iSoJTgGyR/placeholder.webp?use_watermark=1)
Како вокалисти настапија и Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Филиповски (Некст тајм) и Никола Перевски – Пере (Нокаут). вг/аа/