• петок, 22 ноември 2024

Во Тирана насилни протести на приврзаниците на Бериша, полицијата употреби солзавец и водени топови   

Во Тирана насилни протести на приврзаниците на Бериша, полицијата употреби солзавец и водени топови    

Тирана, 8 јануари 2022 (МИА) – Во организација на поранешниот албански претседател, премиер и исторски лидер на опозициските демократи, Сали Бериша, денеска во Тирана беше одржан најавен протест, во обид насилно да го заземат партиското седиште.

 Протестот премина во насилен, поради што полицијата мораше да употреби солзавец и водени топови, јави дописничката на МИА од Тирана.  

На партиската зграда се искршени прозорци и врати, а предизвикана е и голема материјална штета, поради што полицијата беше принудена да го опколи објектот со жолта лента, бидејќи, како што соопшти, зоната се смета за криминално сценарио.  

               

Има повредени демонстранти, но и поголем број приведени, а главната обвинителка Елизабета Имерај рече дека секоја ситуација ќе се следи и дека одговорните ќе одговараат пред законот. 

Бериша изјави дека денешниот протест е само првата страница од она што се очекува да се случи, обвинувајќи го притоа и премиерот Еди Рама. 

- Ова е вистинската опозиција, ние сме непобедливи во вредностите во кои веруваме, тоа е битка која никогаш нема да заврши, ова што го видовте денес е само нејзина прва манифестација. Ништо не не спречува, ова е прва страница, албанското општество ќе биде ослободено од оваа нарко држава како најлоша форма на диктатура. Водачот на медузата, Еди Рама, денеска ги искористи сите средства за да го спаси Лул Брава (актуелниот лидер на демократите Љуљзим Баша), рече Бериша. 

 Тој, поддржан и од повеќе актуелни пратеници-демократи најави многу помасовни и посилни протести, не само за ослободување на партијата од Баша, туку и за спас на Албанија.  

Расколот во опозициската партија почна откако Баша го исклучи Бериша од пратеничката група, по барање на американската амбасадорка Јури Ким, поради прогласувањето за персона нон грата од страна на САД.  Потоа одделно Бериша одржа Национален совет и референдум за разрешување на Баша од лидерската функција, додека тој, пак, на седница на Националниот освет го исклучи него од сите партиски структури.

За денешниот протест беа ангажирани над илјада полицајци, кои беа распоредени пред Владата и Парламентот. вт/паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан