Во тетовската болница во октомври немало хоспитализирани пациенти со Ковид-19
- Во Клиничката болница во Тетово во текот на октомври немало ниту едно болничко лекување од Ковид-19, информираат од болницата.
Тетово, 3 ноември 2022 (МИА) - Во Клиничката болница во Тетово во текот на октомври немало ниту едно болничко лекување од Ковид-19, информираат од болницата.
-Во амбулантата на Инфективното одделение биле прегледани 59 лица, а четворица од нив, кај кои бил дијагностициран Ковид-19, биле на домашно лекување. На ова одделение имало три лица задржани на болничко лекување, но поради други болести, информира д-р Хасан Илјази, одговорен за односи со јавноста при Клиничка болница Тетово.
Од почетокот на пандемијата 14 473 луѓе заболеле од Ковид-19 во тетовскиот регион.
Од друга страна, според податоците на Институтот за јавно здравје, само во последната недела од минатиот месец (24-30 октомври 2022) од 15 случаи на грип, седум се регистрирани во Тетово. ас/хс/