• понеделник, 23 декември 2024

Во тек e постапка за набавка на урбана опрема и осветлување на кејот на Каменичка Река

Во тек e постапка за набавка на урбана опрема и осветлување на кејот на Каменичка Река
Македонска Каменица, 15 февруари (МИА) - Во Македонска Каменица во тек е постапка за набавка на нова урбана опрема за разубавување на кејот на Каменичка Река. Проектот, како што информираа од Општината, предвидува и поставување соодветно осветлување, со цел негово користење и во ноќните часови. -Во меѓувреме во повеќе наврати заменети се оштетените светилки од уличното осветлување во централното градско подрачје. Исто така мапирани се деловите од Македонска Каменица каде недостигаат улични светилки и тие ќе бидат дел од нашиот нов проект. Она што може да го соопштиме во најава е постапка за осветлување на кејот на Каменичка Река, која започнува наскоро, а преку која ќе биде набавена и урбана опрема, истакнаа од Општината.
Оттаму додадоа дека паралелно градоначалникот Димчо Атанасовски ги започна активностите за евидентирање на проблемите на граѓаните.
-Целта е да се евидентираат нивните проблеми, сугестии и предлози, а определба на тимот назначен за таа намена е заеднички да работиме кон изнаоѓање квалитетни решенија, додадоа од Општината.
Во наредниот период, како што додадоа, ќе бидат посетени сите месни заедници во руралните средини и во централното градско подрачје со цел сите општински ресурси да бидат ставени во служба на жителите на Македонска Каменица. вс/мд/

Остани поврзан