• четврток, 04 декември 2025

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2025 година.

-Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат од денеска (6 ноември) да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, велат од Министерството. 

За корисниците кои не користат картички, како што посочуваат од Министерството, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа на 6 ноември од А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л до Љ и на 7 ноември од М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ до Ш. дма/сст/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади 

Остани поврзан