• недела, 12 мај 2024

Во тек е акција за извлекување на штипскиот пожарникар на планината Серта, кој претходно беше исчезнат

Во тек е акција за извлекување на штипскиот пожарникар на планината Серта, кој претходно беше исчезнат

Штип, 8 октомври 2023 (МИА) - Пронајден е пожарникарот на ТППЕ- Штип кој исчезнал додека се гаси пожарот на планината Серта кај штипското село Селце. Пилотите кои го гаснат пожарот од воздух го забележале во непристапен терен.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека имало и обид со сајла да се извлече, но поради ветерот и лошата здравствена состојба на пожарникарот, оваа акција е стопирана, а со пожарникарот останал припадник на специјалната полициска единица.

Во моментов кон местото се упатени неколју штипски пожарникари и ловци кои го знаат теренот. МИА во петокот, на 6 октомври информираше дека има голем пожар на планината Серта и гори нискостеблеста шума во непристапен планински терен. вдј/вг/

Фото: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан