• понеделник, 23 декември 2024

Во Тексас погубен човек кој пред 18 години си го убил семејството

Во Тексас погубен човек кој пред 18 години си го убил семејството
Хантсвил, 7 февруари 2020 (МИА) - Маж од Далас, кој пред 18 години ги убил својата жена, двете деца и двајца роднини, денеска е погубен во градот Хантсвил во Тексас. Абел Охоа бил дрогиран и барал пари да купи уште дрога кога пукал во семејството во својата куќа во август 2002 година. Тој ја убил својата жена Сесилија (32), седумгодишната ќерка Кристал, деветмесечната ќерка Анахи и мајката и сестрата на сопругата. - Сакам да се извинам на своето семејство, на кое му нанесов тешка емотивна болка, рече Охоа пред да му биде вбризгана смртоносна инекција. Ова е второ погубување годинава во Тексас и трето во САД. За наредните месеци во Тексас се најавени уште седум погубувања. паг/

Остани поврзан