Во Струмица одбележан празникот Мала Богородица, гостин грчкиот владика Дамаскин
- Со празнични литургии во манастирот посветен на Воведението на Пресвета Богородица Елеуса во селото Вељуса и Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, синоќа и денеска се
Струмица, 21 септември 2022 (МИА) - Со празнични литургии во манастирот посветен на Воведението на Пресвета Богородица Елеуса во селото Вељуса и Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, синоќа и денеска се одбележа големиот христијански празник, денот на раѓањето на мајката Божја.
На празничната вечерна богослужба во Струмица гостин беше грчкиот владика Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли, кој заедно со Митрополитот струмички Наум и викарниот Епископ Стобиски Јаков служеа вечерна богослужба во чест на раѓањето на Пресвета Богородица.
На денешната, утринска, Архиерејска литургија што се одржа во Манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча чиноначалствуваше владиката Дамаскин, кој во Струмица ги донесе на поклонение моштите на великиот отец на црквата, Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит. рт/цр