Во Струмица дневно се вакцинираат околу 70 граѓани против сезонски грип
- Во Струмица дневно се вакцинираат околу 70 граѓани против сезонски грип на три пунктови од кои едниот е во Валандово, кој го покрива Центарот за Јавно здравје во Струмица.

Струмица, 31 октомври 2023 (МИА) - Во Струмица дневно се вакцинираат околу 70 граѓани против сезонски грип на три пунктови од кои едниот е во Валандово, кој го покрива Центарот за Јавно здравје во Струмица.
Од Центарот информираат дека интересот на граѓаните за вакцинирање е ист како лани, а најголем е кај граѓаните на возраст над 65 години.
- На располагање имаме 2.600 вакцини од кои 2.400 се за Струмица, а 200 за Валандово. Покрај највозсрасната група граѓани, бесплатна вакцина примаат и хронично болните, бремените жени, здравствените работници и децата од 6 месеци до 5 години, информира директорот Петре Витанов.
Покрај интересот за бесплатното вакцинирање, голем интерес има и за комерцијалните вакцини за кои се плаќа 800 денари.
Вакцинирањето против сезонски грип во Струмица почна на 25 октомври. рт/мд/
Фото: МИА архива