Во Софија средба Петков - Вархеи
- Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, соопшти владината прес-служба
Софија, 31 март 2022 (МИА) – Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, соопшти владината прес-служба.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата разговарале за ситуацијата околу војната во Украина и нејзините ефекти врз земјите од регионот.
Петков го информираше еврокомесарот Вархеи и за резултатите од средбата на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, што се одржа во понеделникот во Софија на иницијатива на бугарскиот премиер.
Петков и Вархеи разговараа и за билатералните разговори со Република Северна Македонија.
- Во нив Владата во Софија ќе ги брани позициите на Бугарија и првпат има сериозна поддршка во Европска Унија поради новиот пристап кон Скопје, изјави Петков. нк/ми/