Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
- Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка.
На Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за изменување на Законот за средното образование и
Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, и двата по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка и Предлог на законот за дополнување на Законот за јавните патишта, во прво читање.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог на законот за изменување на Законот за средното образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, сите по скратена постапка и Предлог на законот за дополнување на Законот за јавните патишта, во прво читање. фф/вг/
Фото: МИА Архива