• вторник, 24 декември 2024

Во Словенија за време на пандемијата зголемен бројот на случаи на насилство врз жени

Во Словенија за време на пандемијата зголемен бројот на случаи на насилство врз жени
Љубљана, 22 ноември 2020 (МИА) - За време на пандемијата на коронавирусот во Словенија, бројот на случаи на насилство врз жени се зголеми, а за време на првиот бран беа пријавени во полиција 177 случаи на насилство, што е за дури 20 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Најчеста форма на насилство на која биле изложени жените е физичкото насилство, но исто така и психичко и економско или комбинација од овие три вида насилство, а сторителите се најчесто сегашни или поранешни партнери, пренесува ТВ Словенија. Се наведува дека некои невладини организации пружале помош на ранливи жени, кои објавиле дека за време на првиот бран, бројот на жртви на насилство во нивните програми се зголемил за две третини. Се додава дека и самите жртви велат дека насилството било присутно и претходно, но дека ескалирало за време на првиот бран. паг/

Остани поврзан