Во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт
- Во Скопје и официјално ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт, откако денеска Министерството за финансии, Градот Скопје и Европската банка за обнова и развој го потпишаа до
Притоа, како што рече тој, проектот ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните преку намалување на времето потребно за патување, преку подобрување на квалитетот на воздухот што го дишеме и преку намалување на емисиите на стакленички гасови, како еден од најголемите проблеми за Градот Скопје.
Бесими посочи дека ќе се воспостават две линии за брз автобуски превоз во Градот Скопје, при што ќе се направат патни коридори што ќе бидат резервирани само за автобусите, односно автобуски ленти по средина или на работ од булеварите. Притоа се набавуваат хибридни автобуси што работат на компримиран природен гас.
Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави дека проектот ќе ги поддржи напорите на Градот во справување со предизвиците на јавниот превоз на поефикасен и структуиран начин, преку подготовка и имплементација на одржлив урбан план на мобилност, кој ќе води кон подобрување на јавниот транспорт и ќе го направи поатрактивен, со цел да се намали користењето на приватните автомобили.
- Справување со загадувањето во Скопје е приоритет и ја поздравуваме посветеноста на властите за одлучна и брза акција, каде ЕБОР стои подготвен за целосна поддршка, што се покажува и со денешното потпишување на овој проект, рече Аранитаси.
За реализација на овој проект Европската банка за обнова и развој ќе додели заем во износ од 70 милиони евра во две транши, односно, прва транша во износ од 47,6 милиони евра за финансирање на линијата 1 - од исток до запад и втората транша во износ од 22,4 милиони евра за финансирање на линијата 2 - од југ до север.
Рокот за отплата на првата и втората транша од заемот е 15 години со вклучен грејс период од четири години. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за 1 процент.
Покрај заемот, ЕБОР ќе додели и грант за техничка поддршка на Градот Скопје и Министерството за транспорт и врски за имплементацијата за активностите за линија 1 и за подготовката - изработка на Студија за изводливост и идеен проект и имплементација на активностите за линија 2. бт/свс/