• недела, 22 декември 2024

Во Ресенско санкциониран пијан возач со измерени 4,07 промили алкохол

Во Ресенско санкциониран пијан возач со измерени 4,07 промили алкохол
Скопје, 25 август 2022 (МИА) – При засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола во текот на вчерашниот ден биле изречени 59 мерки за возење со брзина поголема од дозволената, 10 казни за управување возила без возачка дозвола и седум санкции за возење под дејство на алкохол, при што кај еден возач на подрачје на ресенското село Перово биле измерени  4,07 промили алкохол во крвта. Како што информира МВР, изречени се и 10 мерки за непрописно паркирање, како и една мерка за некористење на сигурносен појас. - Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР. ир/сп/

Остани поврзан