Во Прага митинг „Не за влада на екстремисти“
- Митингот беше во организација на граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“, која се залага на претстојните парламентарни избори, што ќе се одржат следниот викенд, граѓаните да ги спречат радикалните националисти и нереформирани комунисти евентуално да бидат дел од новата чешка влада
Прага, 28 септември 2025 (МИА) – Илјадници Чеси денеска учествуваа на митингот во центарот на Прага, кажувајќи „не“ на екстремистите, излегувањето од ЕУ и НАТО и приближување кон Русија.
Митингот беше во организација на граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“, која се залага на претстојните парламентарни избори, што ќе се одржат следниот викенд, граѓаните да ги спречат радикалните националисти и нереформирани комунисти евентуално да бидат дел од новата чешка влада.
Петицијата „Не за влада на екстремисти“ досега ја потпишале над 43.000 луѓе.
Според анкетите фаворит е опозициската партија АНО на тајкунот и поранешен премиер Андреј Бабиш, која би освоила 29,3 проценти од гласовите. Додека 20,5 отсто би добила коалицијата Заедно, предводена од Граѓанската демократска партија на актуелниот премиер Петер Фијала. Додека трета, со 13,4 проценти од гласовите, би била радикалната националистичка партија Слободна директна демократија на Томио Окамура. ми/
фото: МИА архива