• понеделник, 23 декември 2024

Во Подгорица протести по изборот на Мандиќ за претседател на Собранието на Црна Гора

Во Подгорица протести по изборот на Мандиќ за претседател на Собранието на Црна Гора

Подгорица, 30 октомври 2023 (МИА) - Протест против изборот на лидерот на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ за претседател на Собранието се одржува вечерва во Подгорица. 

Граѓаните на протестите биле поканети од организацијата на Форумот на слободни граѓани „Луча“ и опозициските партии.

Според Предраг Вушуровиќ од „Луча“, Андрија Мандиќ е „недостоен“ да ја извршува функцијата прв човек на Собранието и рече дека со него на сцена се Јелена Марковиќ од Либералната партија, Никола Зиројевиќ од Социјалдемократите и Оскар Хутер од Демократската партија.

Јелена Марковиќ рече дека не се исполнети условите за одржување на пописот и затоа „граѓаните имаат право да ја бранат државата со сите демократски средства“, вклучително и бојкот.

Дел од учесниците запалиле транспарент со ликовите на Андрија Мандиќ и српскиот адвокат од Црна Гора, Саво Фатиќ, кој во 1918 година ја извршуваше функцијата претседател на црногорското собрание. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан