• четврток, 29 август 2024

Во Париз отворени Параолимписките игри

Во Париз отворени Параолимписките игри

Париз, 29 август 2024 (МИА) – Во главниот француски град синоќа се одржа церемонијата на отворање на Летните параолимписки игри 2024 година. 

Како и отворањето на Олимпијадата, настанот со учество на повеќе од 4.000 спортисти не се одржа на стадион. Овој пат тоа се случи во центарот на Париз.

Седумнаесеттите параолимписки игри ќе се одржат во Париз од 28 август до 8 септември 2024 година. Спортистите со попреченост од целиот свет ќе се натпреваруваат во 22 спорта.

Единствена македонска спортистка квалификувана за игрите е Оливера Наковска Бикова која ќе учествува во стрелштво со воздушен пиштол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан