Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести
- Претседателот на Парагвај, Марио Абдо Бенитез смени три министри поради насилните протести, што се избија поради начинот на кој Владата се справува со пандемијата во Ковид-19

Асунсион, 7 март 2021 (МИА) - Претседателот на Парагвај, Марио Абдо Бенитез смени три министри поради насилните протести, што се избија поради начинот на кој Владата се справува со пандемијата во Ковид-19.
Сменети се министерот за образование, за женски права и цивилни работи, додека министерот за здравство во петокот поднесе оставка.
Здравствените работници во Парагвај тврдат дека болниците немаат лекови и опрема за лекување на пациентите инфицирани со Ковид-19.
Опозициските партии бараат од Бенитез да поднесе оставка и да распише нови избори, а десничарската Влада ја обвинуваат за корупција.
Во Парагвај со 7,2 милиони жители досега се регистрирани 165.000 инфицирани во Ковид-19 и околу 3.200 смртни случаи, а вакцинирани се само 0,1 отсто од населението.
Pолицијата во петокот употреби солзавец и гумени куршуми против демонстрантите, при што се повредени околу 20 луѓе. mi/