Во Охрид состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
- Во Охрид денеска попладне ќе почне 23. Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите, на кој ќе се обрати и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов.
Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Во Охрид денеска попладне ќе почне 23. Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите, на кој ќе се обрати и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов.
На дводневниот состанок, како што информираат од АХВ, ќе учествуваат високи претставници на Европската комисија (ЕК), Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), реномирани експерти за болеста африканска чума кај свињите и претставници од ветеринарните служби од Русија, Украина, Молдавија, Естонија, Полска, Латвија Литванија, Германија, Шведска, Чешка, Словачка, Унгарија,Романија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово, Бугарија и Италија.вј/мд/
Фото: МИА архива