Во Општина Чашка расчистени патиштата од снег кон планинските,а се чисти непрекинато и кон останатите села
- Поради обилните врнежи на снег, кои започнаа во текот на ноќта три екипи на ЈПКД „Тополка“ со три теренски возила за расчистување снег уште од раните утрински часови излегоа на терен и започнаа со расчистување на локалните патни правци во населените места и планинските села низ Општина Чашка.

Велес,12 јануари 2025 (МИА) - Поради обилните врнежи на снег, кои започнаа во текот на ноќта три екипи на ЈПКД „Тополка“ со три теренски возила за расчистување снег уште од раните утрински часови излегоа на терен и започнаа со расчистување на локалните патни правци во населените места и планинските села низ Општина Чашка.
Како што информира за МИА, Пепи Павловски од Општина Чашка, веќе се исчистени локалните патишта кон планинските села Горно и Долно Јаболчиште потоа и кон селата Мелница и Горно Врановци, а со друга екипа се исчистени патните правци во регионот Азот кон планинските села Ореше, Нежилово и Папрадиште.
Се чисти и патот кон селата Бистрица, Војница, Бусилци и Владиловци, кон село Оморани и населбата Оморани и Габровник. Се чисти и патот од Дреново до Горно Јаболчиште.
Со екипите за расчистување на терен е и градоначалникот Горан Стојановски кој информира дека бидејќи во текот на целиот ден има непрекинати интензивни врнежи од снег, нивните три екипи со три теренски возила за чистење на снег остануваат на терен се со цел да се овозможи проодност на локалните патни правци и непречено функционирање на локалното месно население.
Тој ги потсетува жителите на Општина Чашка и сите кои сакаат да го посетат овој претежно планински терен дека е задолжително употребa на зимска опрема за непречено движење на возилата во зимски услови со снег.
Воедно информира дека доколку има потреба за брзо итно реагирање и помош да го побараат задолженото лице од Општина Чашка на тел. број 075 331 340. ад/ев/
ФОТО: