• четврток, 09 мај 2024

Во Општина Чашка крстот за Водици се фрлаше во пет населени места

Во Општина Чашка крстот за Водици се фрлаше во пет населени места
Велес, 19 јануари 2022 (МИА) - Епархијата Повардарска преку свои свештеници во соработка со Општина Чашка денеска по повод празникот Богојавление -Водици организираше фрлање на крстот во води во пет населени места во општината: во населба Чашка, Извор, Богомила, Согле и Теово. Најсреќен во фаќањето на светиот крст во Чашка беше Славче Димитриевски, Стефан Славевски во населбата Извор, Стефан Илиевски во Богомила, Филип Димовски во Согле и Димче Костадиновски во Теово. Верниците кои имаа среќа да го фатат крстот, од општината добија скромни подароци.ад/фф/

Остани поврзан