• петок, 22 ноември 2024

Во општина Маврово и Ростуше 35 првачиња, градоначалникот им додели училиштен прибор

Во општина Маврово и Ростуше 35 првачиња, градоначалникот им додели училиштен прибор

Дебар, 1 септември 2022 (МИА) - Во четирите основни општински и нивните подрачни училишта во општина Маврово и Ростуше успешно стартуваше новата 2022/2023 учебна година, во која за првпат во ученичка клупа седнаа 35 првачиња. 

Училиштата ги посети градоначалникот Медат Куртовски, кој им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година на сите ученици во општината. 

- Градоначалникот Медат Куртовски ги посети училиштата во општината каде што лично на наставниците, учениците и родителите им го честиташе почетокот на учебната година и им посака добро здравје, радост, среќа и да бидат примерни и одлични ученици. При тоа на сите првачиња им додели сет со училишен прибор, информираше за МИА, Емир Емруали, одговорен во Секторот за образование во општината. 

Според него, бројот на првачињата е речиси идентичен колку и минатата учебна година. 

Гледано одделено 15 првачиња се во ООУ „Блаже Конески“ во село Скудриње, 11 во „Хајан Селмани“ во Ростуше, пет во ООУ„Јосип Броз Тито“ во село Жровница и четири првачиња во ООУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови.  

Инаку, според Емрулаи, покрај другите редовни мерки и активности преземени за нормален наставно-воспитен процес, извршена е и дезинфекција на училишните простории во сите училишта. вт/дма/

Остани поврзан