• петок, 22 ноември 2024

Во Никарагва забранета работата на уште 15 невладини органзиации

Во Никарагва забранета работата на уште 15 невладини органзиации
Манагва, 27 август 2021 (МИА) - Парламентот на Никарагва нареди забрана на уште 15 невладини организации, со што бројот на забранети организации се искачи на 45. Како причина за забраната е наведено дека невладините организации не доставиле целосни извештаи за активностите. Меѓу групите чија работа е забранета се и две организации поврзани со два популарни пејачи, кои се во егзил по масовните демонстрации во 2018 година, што беа задушени од режимот на претседателот Данијел Ортега. Во Никарагва на 7 ноември закажани се претседателски избори, на кои Ортега ќе се бори за четврти мандат. Неговата Влада изминатите три месеци уапси околу 35 опозиционери, меѓу кои и седум потенцијални претседателски кандидати. ми/

Остани поврзан