Во насилствата во Нигерија убиени 47 лица
- -Можам да потврдам дека 47 лица загинаа, 22 се повредени и пренесени во болница, а пет куќи изгореа, изјави за француските медиуми претставник на Црвениот крст, кој сакаше да остане анонимен.

Абуџа, 14 април 2025 (МИА) - Најмалку 47 лица загинаа во два напади во неделата вечерта во централна Нигерија, земја која ја потресува долгогодишен внатрешен конфликт, соопштија денеска Црвениот крст и локалните власти.
-Можам да потврдам дека 47 лица загинаа, 22 се повредени и пренесени во болница, а пет куќи изгореа, изјави за француските медиуми претставник на Црвениот крст, кој сакаше да остане анонимен.
Локалните власти го потврдија бројот на жртвите и додадоа дека нападите се случиле синоќа околу 20 часот и дека има многу повредени.
Нападите се случија во селата Жика и Кимакпа, десет дена по слични напади во истата област, во која живеат и муслимани и христијани, а во кои беа убиени повеќе од 40 лица.сд/
фото:МИА архива