• среда, 27 ноември 2024

Во манастирот во Вељуса одбележан празникот Мала Богородица

Во манастирот во Вељуса одбележан празникот Мала Богородица
Струмица, 21 септември 2021 (МИА) - Со празнични литургии во манастирот посветен на Воведението на Пресвета Богородица Елеуса во селото Вељуса синоќа и денеска се одбележа големиот христијански празник, денот на раѓањето на мајката Божја. Одбележувањето почна синоќа со целовечерно бдение, служба целосно посветена на Пресвета Богородица, а заврши со утринска литургија, а манастирот беше масовно посетен од верници од Струмичко и околните места. Според Струмичката епархија овој празник е голема радост за македонската православна црква бидејќи се празнува празникот над празниците. Црквата Пресвета Богородица е една од најстарите и со доѓањето на чело на Струмичката епархија на митрополитот Наум обновено е монаштвото во овој женски манастир. рт/мс/

Остани поврзан