• вторник, 05 ноември 2024

Во Лозана 2.500 студенти во карантин поради Ковид-19

Во Лозана 2.500 студенти во карантин поради Ковид-19
Женева, 24 септември 2020 (МИА) - Здравствените власти во Швајцарија одредија карантин за 2.500 студенти на престижниот Факултет за угостителство во Лозана поради појавата на голем број жаришта на вирусот Ковид-19. Според властите во швајцарскиот кантон Во, мерката карантин се однесува на сите студенти на додипломски студии на тој универзитет. Се претпоставува дека ширењето на инфекцијата се должи на организирање една или повеќе забави надвор од универзитетскиот комплекс, најверојатно пред воведувањето на нови анти-епидемиски мерки во тој кантон во средината на овој месец. Од студентите, 11 студенти се позитивни на коронавирусот, но никој од нив не е хоспитализиран. Универзитетот, кој има вкупно околу 3.500 студенти, ги презема сите неопходни мерки за продолжување на наставата преку Интернет. паг/    

Остани поврзан