• недела, 22 декември 2024

Во Куманово казнети 156 возачи за брзо возење

Во Куманово казнети 156 возачи за брзо возење
Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден на територијата на Куманово санкционирале 156 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, информираат од МВР. Од сообраќај, како што е наведено во соопштението, биле исклучени осум  возила, а две возила се одземени поради тоа што учествувале во сообраќај, а биле подолг период нерегистрирани. Санкционирани се и 23 возачи поради други прекршоци. Од МВР велат дека со засилените контроли продолжуваат и во наредните денови и притоа апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.дма/мд/ 
 

Остани поврзан