• петок, 22 ноември 2024

Во Кувајт обесени пет лица

Во Кувајт обесени пет лица

Кувајт, 27 јули 2023 (МИА) – Пет лица беа обесени денеска во Кувајт, вклучително и еден човек осуден на смрт за неговата улога во бомбашкиот напад во џамија во 2015 година, во кој загинаа 26 лица, соопшти обвинителството на арапската држава во Персискиот Залив.

Обвинителството појасни дека смртната казна е извршена врз пет лица во централниот затвор во Кувајт, од кои повеќето се осудени за убиство.

На 26 јуни 2015 година, во Кувајт беше извршен најтешкиот атентат во неговата историја кога саудиски бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа во шиитска џамија во главниот град. Тоа е првиот напад за кој одговорноста ја презема Исламската држава во оваа претежно сунитска земја. Во атентатот загинаа 26 лица, а 227 беа повредени.

Човекот кој беше погубен денеска во врска со случајот е Абдел Рахман Сабах Сауд, лице без државјанство кој донел појас со експлозив од саудиската граница и го одвел бомбашот самоубиец до местото на нападот.

Кувајтскиот Врховен суд го осуди на смрт во мај 2016 година. Во првостепената постапка тој ги призна најголем дел од фактите, но во жалбената постапка негираше се. Сабах Сауд рече дека бомбашот самоубиец го убедил дека планира да ја уништи џамијата, но не и да предизвика цивилни жртви.

Уште три лица се обесени за убиство, а едно за трговија со дрога. јт/

Фото: Пиксабеј илустрација

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан