• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Крива Паланка се одржа концерт на класична музика во чест на 24 Мај 

Во Крива Паланка се одржа концерт на класична музика во чест на 24 Мај 

Крива Паланка, 24 мај 2025 (МИА) - Во дворот на црквата „Св великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка синоќа се одржа концерт на класична музика во изведба на млади таленти од Крива Паланка и Куманово.

Од централниот храм во градот беше упатена пораката за достојно чување на ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј.

- Во навечерието на светите рамноапостолни сесловенски просветители Кирил и Методиј, во нашиот храм беше одржан концерт по класична музика од млади таленти од Крива Паланка и Куманово. На концертот пред присутните се претставија: чтецот Теодор Смиљков на клавир, Ева Николова на клавир, Војдан Алексовски на фагот и Бојан Ѓорѓиевски на кларинет. Наратори на концертот беа: Ангела Николовска и Ана Ташевска.Во текот на вчерашниот ден, 23 мај, беше прославен споменот на преподобниот отец Јоаким Крчовски, информираа од црквата „Св.великомаченик Димитриј“.

И оваа година во кривопаланечкото архиерејско намесништво беше прославен споменот на преподобниот Јоаким Крчовски, што се одбележува на 23 мај.
Вчера света божествена литургија во чест на свети Јоаким Крчовски служеше митрополитот Кумановско-Осоговски г. Григориј во сослужение со Митрополитот г. Јосиф и епископи од МПЦ-ОА. Светата литургија се одржа во манастирот „Свети Јоаким Осоговски".

Споменот на преподобниот отец Свети Јоаким Крчовски, се одбележува на 23 мај, кога во 2022 година Македонската православна црква - Охридска архиепископија го вброи меѓу светителите како учител и просветител кој со своето дело и свештеничка служба оставил длабоки траги во духовниот и културниот живот на нашиот народ. ид/бак/

Фото: Соборен храм „Св.Великомаченик Димитриј"

Остани поврзан