• понеделник, 20 април 2026

Во крводарителска акција на ЗГ „Носачи на крстот“ собрани 143 крвни единици

Во крводарителска акција на ЗГ „Носачи на крстот“ собрани 143 крвни единици

Велес, 30 март 2026 (МИА) – Во пролетната акција за доброволно дарување на крв што традиционално ја организира Здружението на граѓани „Носачи на крстот“ заедно со Општинската организација на Црвен крст преку свои волонтери и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје во просториите на Театарот во Велес беа собрани 143 крвни единици.

-Како и на изминатите акции на оаа здружение е оваа е повеќе од успешна,а ние од Општинската организиација им се заблагодаруваме на соработката и хуманоста, а  која трае веќе 15 години, изјави Орце Николов од Здружението на граѓани „Носачи на крстот“.

Инаку оваа здружение секоја година организираше по една акција, а последните години и по две годишно, пролетна и есенска. Во последната ланска есенска акција за доброволно дарување на крв, беа собрани рекордни 200 крвни единици од хуманите велешани.

Од ЗГ „Носачи на крстот“  најавуваат наесен и втора крводарителска акција во 2026.ад/

Фото Општинска организација на Црвен крст

Остани поврзан