• вторник, 14 мај 2024

Во Кичево доделени благодарници на најуспешните крводарители

Во Кичево доделени благодарници на најуспешните крводарители
Кичево, 24 март 2022 (МИА) - Општинската организација на Црвениот крст од Кичево денеска им додели благодарници и признанија на најуспешните крводарители во општината. Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст Емин Зејно оцени дека и покрај пандемијата, минатата година била успешна и дека бројот на крводарувања се искачил на 1.200. - Благодарници добија крводарителите кои по 10-ти, 25-ти и 50-ти пат дарувале од најдрагоцената течност. Оваа мала свеченост е дел од одбележувањето на 77-годишнината од формирањето на Црвениот крст на Македонија и Светскиот ден на крводарителството, рече Зејно. Тројцата крводарители, кои по 50-ти пат дарувале крв, најавија дека и наредните години ќе ја продолжат својата хумана мисија. -За прв пат крв дарував во 1991 година и до денес со мали исклучоци немам прескокнато година барем еднаш да дарувам од најдрагоцената течност. И во наредните години ќе продолжам да дарувам крв, а тоа ќе го правам се додека ми дозволува здравјето. Презадоволен сум што со мојата крв сум спасил многу човечки животи, изјави Томче Стевановски, еден од тројцата најголеми крводарители од Кичево. за/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан