• недела, 24 ноември 2024

Во Киев по четврти пат во денот прогласена тревога

Во Киев по четврти пат во денот прогласена тревога

Киев, 2 ноември 2024 (МИА) - Во Киев по четврти пат во еден ден е прогласена тревога, а воздухопловните вооружените сили на Украина информираа за беспилотно летало кое лета во правец на главниот град од север, соопшти Воената управа на градот Киев. 

Фрагменти од руски беспилотни летала паднале на територијата на станбена зграда во квартот Дњепар во Киев, а оштетени се и далноводи.

Шефот на Киевската регионална државна администрација, Руслан Кравченко, изјави дека осум приватни куќи, еден стан во катна зграда и две помали згради биле оштетени во четири области. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан