• вторник, 19 ноември 2024

Во Индонезија уапсен терорист одговорен за убиства и бомбашки напади

Во Индонезија уапсен терорист одговорен за убиства и бомбашки напади
Џакарта, 14 декември 2020 (МИА) - Индонезиската полиција соопшти дека минатата недела го упасила Арис Сумарсоно, воен командант на групата Џама исмалија, група поврзана со Ал Каеда. Сумарсоно е одговорен за повеќе смртносни напади и судири во Индонезија. Уапсениот е познат и како Зулкарнаен. Тој беше уапсен на 10 декември во округот Источен Лампунг на островот Суматра. Сумарсоно, кој по професија е биолог, 18 години бил на полициска потерница. Тој бил помеѓу првите милитанти од Индонезија кој во 80-тите години од минатиот век заминал во Авганистан, каде седум години бил инструктор во тамошната воена академија. Зулкарнаен е осомничен за подготовка на бомби што биле употребени во низа напади, вклучитечлно и бомбашките напади на Бали во 2002 година, при што загинаа 202 луѓе, воглавно странски туристи, како и во нападот врз хотелот Мериот во Џакарта, при што беа убиени 12 лица. Тој беше организатори на бомбашкиот напад врз службената резиденција на филипинскиот амбасадор во Џакарта во 2000 година, при што загинаа две лица, како и на бомбашкиот напад во 2004 година пред Амбасадата на Австралија при што беа убиени деветмина, како и на бомбашкиот напад на Бали во 2005 година, кога загинаа 20 лица. Од мај 2005 година Зулкарнаен е на црната листа на Сов етт за безбедност на Обединети нации поради поврзаност соАл Каеда и Осама бин Ладен, како и со талибанците. Американската програма„Награда за правда“ понуди пет милиони евра за информации што би довеле до апсење на Сумарсоно. Тој беше единствен Индонежанец на листата. ми/

Остани поврзан