• четврток, 18 јули 2024

Во Индија изваден заб долг речиси четири сантиметри

Во Индија изваден заб долг речиси четири сантиметри
Лос Анџелес, 6 март 2020 (МИА) - Зaболекар од индиската сојузна држава Мадја-Прадеш тврди дека на еден пациент му извадил заб со должина од 39 милиметри. Се чини, тоа е нов рекорд. Просечната должина на човечките заби е околу два сантиметра. Гинисовата книга на рекорди, пак, во овој миг вели дека досега најдолгиот заб бил долг 3,72 сантиметра, отстранет од германскиот заболекар Макс Лукас пред две години. Должината на најдолгиот млечен заб, регистриран во Гинисовата книга, е 24 милиметри. си/гт/

Остани поврзан